ПРОЕКТИЛОТ НА 37 ГОДИШНИОТ НАПАЃАЧ НА АТЛЕТИКО МИНЕИРО, ХУЛК СТАНА ВИРАЛЕН

0
461

Натпреварите од бразилското првенство често носат атрактивни погодоци, а вечерва за многу кратко време вирален стана еден погодок од дуелот меѓу Сао Пауло и Атлетико Минеиро.

Автор на ремек-делото е добро познатиот Хулк, ветеранот кој испрати вистински „проектил“ во мрежата на домаќините од голема далечина и предизвика еуфорија кај соиграчите и фановите на Атлетико.

Со оглед на начинот на кој реализираше, не е изненадување што погодокот на Хулк е инстант хит меѓу фудбалските фанови во целиот свет и тој добива комплименти за истиот додека натпреварот се уште е во тек.