ИНДИКАТОР ЗА ДАВАЊЕ МИТО НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ, МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ: ОПОЖАРЕНИОТ АВТОБУС НЕ БИЛ РЕГИСТРИРАН ЗА ДЕЈНОСТА, ФИРМАТА БЕСА ТРАНС НАМЕРНО ЗЛОУПОТРЕБУВАЛА ИЗВОД ОД ЛИЦЕНЦА ОД ДРУГ АВТОБУС

0
925

“Броевите на изводи на лиценци кои се евидентирани во Царинската управа при влез и излез и со кои што се шпекулира во јавноста, во ниту еден случај не се во сопственост на опожарениот автобус на превозникот Беса Транс. Тоа подразбира дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и лиценца од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај” – информираше Министерството за транспорт и врски.

Како превозникот вршел влез и излез од земјата треба да докажат странските и домашните истражни органи.
За опожарениот автобус превозникот „Беса транс“ немал извадено извод од лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници и овој автобус не е евидентиран во електронската база на Министерството за транспорт и врски.
“За да појасниме, бројот 007017 е број на лиценца на превозникот Беса Транс БТБ за вршење на меѓународен превоз на патници. Бројот 22679, со кој што шпекулираат одредени медиуми, а кој бил користен од опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило, со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот Беса Транс” – тврди Министерството за транспорт и врски.