ВМРО БАРА КРИВИЧНИ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА „ЦРНАТА ЛИСТА“, СДСМ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ

0
175

„Црните листи“ ќе се спроведат со постапување по Законот за ресриктивни мерки, рече Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик – министер за правда и побара одговор од Миле Лефков, пратеник од ВМРО – ДПМНЕ зошто неговата партија го попречува донесувањето на измените на овој закон.Лефков тврди дека и без носење на измените лицата од „црната листа“ може да се гонат.

-Членот 16 од Законот за меѓународна соработка во кривична материја, Вам како Министерство за правда ви дозволува со замолница да се обратите до надлежна институција во Вашингтон и да ви достават списи, информации и материјални докази за одредени истраги. Членот 35 предвидува дека нашиот обвинител заедно со странска држава може да има заеднички истражен тим. Членот 39 предвидува дека оние постапки кои се завршени кај надлежен орган можат да бидат изедначени во кривична постапка кај нас.

Добро го познавате и Кривичниот законот и членот 273 став 1 во кој се вели „Секој орган кој што дознал за кривично дело може да го пријави“. Па Ве охрабрувам да поднесете поднесете кривична пријава против Мерко и да доставите замолница за да ви се достават списите, рече Миле Лефков, пратеник на ВМРО – ДПМНЕ во Топ тема.

На ова Мадиќ му возврати дека ја доведува јавноста во заблуда, бидејќи во случајот со „црната листа“ кога сторителот е овде кај нас, а доказите се во странска држава, тие докази произлегуваат од овде и нашето обвинителство треба да ги бара.