ВЛАДАТА ДАДЕ ПОДДРШКА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА „БРЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ВО ГРАД СКОПЈЕ“

0
419
Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа и усвои Информацијата во врска со продолжување на постапката за реализација на проектот „Воведување брз автобуски превоз во град Скопје“, со Предлог договор за имплементација и даде поддршка проектот да продолжи да се реализира.

Според Информацијата од ресорното министерство, во текот на месец септември, од Град Скопје е соопштено дека се планира продолжување на проектот, за којшто на 21 април 2021 година Град Скопје и ЕБОР случија Проектен договор за реализација на проектот „Воведување брз автобуски превоз во град Скопје“.Предлог Договорот за имплементација на проектот согласно Проектниот договор, треба да го склучат Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и Град Скопје.