Кирацовски: Токму поради ваквите лаги на Курир и Сител е неопходна регулација на медиумите

0
810

kirac-670x376

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сакаа да казнат околу 1700 административни службеници. Јас како дополнителен заменик министер за информатичко општетство и администрација спречив околу 1700 административни службеници да бидат казнети со намалени плати од 7.500 денари до околу 30.000 денари или со откази“, реагира дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски.

„Документите што ги објавив се јавни и се токму од администрацијата којашто гласилото Курир ја користи за партиски цели на ВМРО-ДПМНЕ.

Прво, да беше гласилото Курир медиум и да беа загрижени за административните работници што за малку ќе настрадаа од казните на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја објавеа мојата прес конференција.

Ете поради ваквото известување на Курир, Сител и медиумите под контрола коишто земаат милионски суми евра за да лажат, неопходна регулација на медиумите од којашто како изгорен бега Никола Груевски.

Второ, Курир и Сител лажат дека во прес конференцијата што ја одржав се објавени лични податоци на вработени во администрацијата, имиња и презимиња и матични броеви.

Информациите објавени на Курир и на Сител се клевета поради што барам извинување. Предупредувам дека во клевета ќе влезат и сите други провладини медиуми што имаат задача да препишат од гласилото Курир“, стои во реакцијата на Кирацовски.