ЛАДЕН ТУШ ЗА ВМРОВЦИТЕ: Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицковски, ги моли Заев и Ципрас да го сменат името на земјава со достоинствено решение!

0
2641

Во изјава за грчката телевизија Ант Њуз, лидерот на ВМРО ДПМНЕ ги моли премиерите на Македонија и Грција да го сменат името на Македонија.

– Во двете земји има позитивна атмосфера, како што реков, не знам која е причината за оваа позитивна атмосфера, но верувам дека постои причина за тоа, можеби треба да ги прашате премиерите на Македонија и Грција. Чувствувам дека во општеството во Македонија има позитивна атмосфера. Како што реков, ние ги охрабруваме – момци ве молиме, продолжете и најдете решение кое ќе биде достоинствено за двете земји – рече Мицкоски.