СДСМ : ЗА СОПСТВЕНИ БИЗНИС ИНТЕРЕСИ МИЦКОСКИ НАМЕРНО ПОДНЕСЕ НЕУСТАВНА ИНИЦИЈАТИВА ЗА РЕФЕРЕНДУМ

0
441

Христијан Мицкоски намерно поднесе иницијатива за референдум која е неуставна, самиот знаејќи дека неговиот референдум е осуден на неуспех поради слабата поддршка од граѓаните.

Уставот како највисок правен акт е јасен: Членот 118, јасно предвидува дека Меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со Закон.

Договорот за добрососедство е меѓународен договор и согласно Уставот неговото правно дејство не може да се менува со закон како што тоа го замислува Мицкоски.

Откако потонаа сите негови лаги со кои ги лажеше граѓаните, но и сопствените членови, оваа иницијатива беше уште една измама на Мицкоски за спас на сопствената фотелја во Белиот дворец, за спас на бизнис интересите на една екипа во неговото опкружување.

Во време на најголема економска и енергетска криза, во пресрет на тешка и неизвесна зима, Мицкоски беше спремен да потроши осум милиони евра од државниот буџет за спроведување однапред пропаднат референдум кој требаше да биде неговата сламка за спас.

Иницијативата на Мицкоски е директно насочена кон попречување на патот кон ЕУ, против македонскиот јазик во ЕУ и против заштита на македонскиот идентитет, македонската посебност.

Мицкоски e против и ЕУ и НАТО, сака да застанеме, да се вратиме назад во едно време на застој и изолација.

Почнавме преговори со ЕУ како Македонци а нашиот македонски јазик влезе во ЕУ и враќање назад од тој пат нема.

Мицкоски останува осамен и изолиран во антиевропската, деструктивна агенда што носи штета за граѓаните и државата.