НОКАУТ за пропагандата на Грујо од страна на прес-службата на Бајден: Важен е Договорот од Пржино и условите за веродостојни избори!

0
1061

Прес-канцеларијата на потпретседателот на САД, Џо Бајден, вчера по полноќ излезе со кратко соопштение за посетата на премиерот Никола Груевски на Вашингтон и за средбата што ја имаа, како што се тврди од американски извори, на барање на Груевски, пренесе Нова.

Наспроти изјавата на премиерот во која тој зборуваше за силните американско-македонски односи и за поддршката што САД ќе продолжат да и ја даваат на Македонија, соопштението на Бајден се фокусира на договорот од Пржино и на преземањето на дејства кои се потребни за да се обезбедат веродостојни избори.

„Потпретседателот Џо Бајден денеска оствари средба со македонскиот премиер Никола Груевски. Потпретседателот и премиерот се согласија околу важноста за континуираната имплементација на Договорот од Пржино и од преземањето на дејствија кои се потребни за да се обезбедат веродостојни избори. Потпретседателот на САД ја истакна континуираната поддршка на САД за евроатланската интеграција на Македонија“, стои во соопштението на Белата куќа.

Груевски во изјавата што ја даде по средбата рече дека со Бајден имале одлична и пријателска средба.

Повее ОВДЕ