ГЕОРГИЕВСКИ: СЕ ДОДЕКА СУМ ЈАС ГРАДОНАЧАЛНИК,НИКОЈ НЕМА ДА ГРАДИ СПРОТИВНО НА ЗАКОНОТ!

0
791

❗Сѐ додека сум јас градоначалник, никој нема да гради спротивно на законот!

☝️ Заклучно со првиот ден од почетокот на мојот мандат, заврши праксата од минатото, односно самоволието и малтретирањето на моите сограѓани.

📑 Ревизијата на објектот која ја направивме, потврди најмалку 4 основи за поништување на одобрението – отстапка од квадратура, намената за градба овде е А1 а не како што тие си ги поврзале објектите за да добијат еден влез и квадрати плус итн.

☝️ Дополнително, во целата оваа работа проблем за нив е што претходно со амин од општината почнале да градат пред време и без одобрение.

⚠️ Исто така, направената ревизија беше по иницијатива на граѓаните преку собирање на над 200 потписи, мое ветување кон нив и во рамки на проектот ,,Стоп за урбаната мафија”.

✖️ Врз основа на сите овие аргументи јас ги поништив одобренијата!

Денес, инвеститорот и покрај забраната се дрзнал да донесе машини и работници и да продолжи бесправно да гради.

🤝 Заедно со револтираните граѓани, уредните документи од поништените одобренија во рака и МВР отидовме на лице место и сето ова самоволие беше експресно запрено и завршено!

🔙 Да потсетам за тие што не се во тек, во Кисела Вода веќе неколку месеци има нова локална власт, така што навиките стекнати од минатото не се пракса во моето работење.

Мене не ме интересира кој е, со кого е и на кого е роднина или пријател, законот во Кисела Вода важи подеднакво за сите и никој не смее да го прескока, а секој што ќе се обиде, ќе биде санкциониран во согласност со истиот.

☝️ Сакам да напоменам и дека, од мене градежниот сектор секогаш ќе има поддршка и ќе придонесуваме за развој на истиот, но ИСКЛУЧИВО во рамки на законските прописи, водејќи грижа за хуманото живеење и постојните жители на сите населби во Кисела Вода.

🗣️ Исто така, да им порачам на моите сограѓани дека во мене имаат сојузник и да не се плашат дека повторно некој ќе се изживува врз нив и манипулира.

Сѐ додека сум јас овде, нема да се гради нешто што е спротивно на законот! М

ои сограѓани, заедно сме посилни!

#orcegjorgjievski #kiselavoda

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.