НЕ ГИ СПОМЕНА НИТУ ЕДНО ОД НАШИТЕ МАЛЦИНСТВА, ЧИСТА МАКЕДОЊА: ФИКУСОТ КОЈ ЗА МАЛКУ ЌЕ НАПРАВЕШЕ ГРАЃАНСКА ВОЈНА ПРЕД ТРИ ГОДИНИ СЕ ЈАВИ СО ЧЕСТИТКА

0
842

„Почитувани сограѓани,

Нека ни е честит Денот на независноста на Република Македонија!

Секое големо достигнување, пред да се оствари, е само сон. Независна, суверена и слободна Македонија беше сонот на генерации и генерации наши претходници. Успеавме во 1991 година, кога сонот стана јаве.

Да се биде Македонец не е само право. Тоа е и обврска. Обврска да се чува наследството за кое нашите предци се избориле со пркос и непокор. Да се чува континуитетот на нашата определба, бидејќи како Македонци ние не можеме да бидеме нешто поразлично од нашите предци. Да не им го одземаме на нашите деца, внуци и правнуци она што ни го оставиле нашите татковци, дедовци, прадедовци.

Треба да знаеме кои сме за да знаеме што сакаме да бидеме.

Среќен роденден татковино!

Си била и ќе бидеш Македонија!

Да ни е вечна и вековита Македонија!

Да живее Република Македонија!“, напиша Иванов во честитката.