(ВИДЕО) Курдите открија неверојатно сложен систем од подземни тунели што ги изградиле ИД во Синџар

0
1608

Телевизијата Скај њуз објави снимка од влегувањето на курдските сили во подземните тунели на ИСИС во град што до неодамна беше во рацете на терористичката организација. Курдските борци што неодамна го зазедоа Синџар останале вџашени од мрежата на подземни тунели и засолништа што ги изградиле екстремистите на ИСИС.

„Има толку многу тунели што не можевме да ги изброиме“, изјавил курдскиот воен командант Хусеин Куру Мурад.

„Овој тунел им овозможува да одат од продавница на улица до местото каде што прават бомби“, кажал тој покажувајќи на влезот во градот.

Мурад кажал дека, како што се засилувале нападите врз Синџар, екстремистите осмислиле сеопфатна мрежа тунели за нивните борци да избегнат излегување на отворен простор.

Во куќите пробиле дупки во ѕидовите за да можат да се движат меѓу зградите, без да бидат следени од непријателот.