(ВИДЕО) Димитров очекува зелено светло и од Франција: Не верувам дека Макрон ќе направи стратешка грешка

0
1055

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, очекува и Франција да и даде поддршка на Македонија за датум за преговори со Европската унија.

– Јас неодамна бев во Париз се видов се видов со министерката за Европа, се видов со главниот советник за овие прашања на Макрон, господинот Пон. Се вратив охрабрен. Јас искрено не можам да верувам дека еден од големите лидери на Европа би направил таква стратешка грешка. Не може да не се охрабри добриот тренд, а да се успее со европеизацијата на Балканот. Мислам дека ќе имаме поддршка и од Франција – изјави Димитров.