ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ВО ВИЛНУС НА СВЕЧЕНА ВЕЧЕРА НА ЛИДЕРИТЕ НА НАТО

0
559

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во Вилнус, каде што с одржува дводневниот Самит на НАТО, присуствуваше на свечената веќера во чест на лидерите на земјите членки на Алијансата и партнерските држави присутни на собирот.

– Вечерва присуствуваме на свечена вечера, која во чест на шефовите на делегации на сојузниците на НАТО и партнерите, ја приредува претседателот на Литванија, Гитанас Науседа и неговата сопруга г-ѓа Дијана Науседа, објави премиерот Ковачевски на Фејсбук.

Во објавата тој додава дека вечерата претставувала „уште една уникатна можност за разговор и за потврда на нашата обединетост во справувањето со тековните и идни предизвици“.

Инаку, Ковачевски денеска учествуваше на првата сесија на Североатлантскиот совет во рамки на Самитот, а на маргините на собирот оствари куса средби со претседателот на САД, Џо Бајден, како и со председателите на на Словенија, Роберт Голоб и на Црна Гора, Јаков Милатовиќ,  и со премиерите на Естонија, Каја Кала, на Бугарија, Николај Денков и на Велика Британија, Риши Сунак.