ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ЕУ И НАТО КОАЛИЦИЈАТА СДСМ, ДОМ, ПОИНАКУ ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА : ДОНЕСЕН РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА ОД СТРАНА НА СИТЕ СОВЕТНИЦИ, СО ИСКЛУЧОК НА ПРОРУСКАТА ЛЕВИЦА

0
757

По повеќечасовна жолчна дискусија, многу паузи, натегања, партиски препукувања, нешто по полноќ Советот со  29 гласови „за“ го изгласаа ребалансот на буџетот за 2023 година со вклучени 23 амандмани предложени од Поинаку, Левица, СДСМ и ДОМ. За гласњето на измените во буџетот во салата отсутни беа советниците на Левица. Тие излегоа надвор од салата непосредно пред гласањето на ребалансот, а потоа се вратија на седницата за време на гласањето на следните точки.

По прифатениот ребланс, измените на голем дел  од програмите за работата  на  Советот не  поминаа зашто мнозинството советници гласаа воздражани, па формирани се работни гурпи за усогласување на ставовите. Усвоени беа измените на програмите за социјална заштита и за еднкави можности и техничка исправка на градежни парцели во АРМ,како и онаа за наменско трошење на надоместокот од загадување од фосилни горива. Но, голем број од измените на програмите за животна средина, образование, култура, јавно осветување, спорт и други  не поминаа зашто мнозинството советници  гласаа воздржано.