(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Еве кој владее со светот: Слики од овогодинешната средба на Г7 – седумте најмоќни држави во светот!

0
1724

g7-leaders-attend-working

Лидерите на Г7 предупредија денеска дека се подготвени да ги заострат или да ги олеснат санкциите спрема Москва во зависност од нејзината понатамошна улога во украинската криза, а на Грција и порачаа дека времето за постигнување договор за кредитирање истекува.

Во делот на заедничката декларација посветена на надворешната политика, лидерите на Г7 исто така истакнаа значење за нуклеарна безбедност, безбедност на море, поддржаа процеси на ОН во изнаоѓање мировни решенија за ситуацијата во Сирија, Јемен и Либија и изразија загриженост поради порастот на бројот на бегалци и случаите на трговија со луѓе во светот.

Тие повторија одлучност да се борат против тероризмот посебно спрема ИД и против оние кои финансираат тероризам.

000ab20f-642

По завршувањето на дводневниот самит, лидерите на Г7 наведуваат дека ќе ги повлечат санкциите спрема Русија доколку мировниот договор биде спроведен, но остануваат подготвени да преземат понатамошни рестриктивни мерки доколку преземе нови акции.

Британскиот премиер Дејвид Камерон рече дека постоечките санкции спрема Русија мора да останат во сила додека договорите од Минск не бидат во целост применети, а тоа „подразбира акции на Москва и на Минск“.

Францускиот претседател Франсоа Оланд нагласи дека моментно нема причини за укинување на санкциите за Москва и додаде дека тие ќе останат најверојатно до крајот на 2015 година.

g7_family_photo

На затворањето на самитот, германскиот канцелар Ангела Меркел рече дека на Грција не останало многу време да обезбеди договор со кој ќе се одблокираат милијарди евра спасоносни за таа држава.

Таа нагласи и дека Г7 се посветени на ограничување на порастот на глобалните температури на два Целзиусови степена во споредба со нивото пред индустријализацијата.

Дводневниот саммит беше одржан во баварскиот суперлуксузен дворец Елмау, близу Гармиш-Партенкирхен.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=h3YRpS3bSL8[/youtube]