СДСМ: 6.007 помалку работници во текстилната индустрија

0
920

„Пред една година Никола Груевски вети 5.600 нови вработувања и 400 милиони евра инвестиции во зоната во Ранковце кои никогаш не се остварија.

Освен празна изорана ливада во зоната во Ранковце ниту има 5.600 нови работни места ниту има 400 милиони евра инвестиција.

Дури и самата компанија Вебо Груп потврди дека Никола Груевски лаже.

Виртуелните инвестиции на Никола Груевски носат нула работни места.

Груевски 10 години грабаше провизии, парцели на Водно, мерцедеси од 600 илјади евра…а луѓе остануваа без работа.

Конктетно во текстилната индустрија, бројот на вработени од 2007-ма година до 2014 година се намалил за 6.007 работници. Тоа се 6.007 помалку работни места во текстилната индустрија. Тоа се 6.007 семејства со загрозена егзистенција.

И рударската индустрија доживеа силен удар и намалување на невработеноста. Пред неколку дена дури 1.000 рудари останаа без работа.

Корупцијата што царуваше во изминатите 10 години изеде безброј работни места.

Сега не поминуваат новите виртуелни верувања на Никола Груевски. Граѓаните знаат дека Груевски излажа за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхост од Данска…“, се вели во соопштението на СДСМ.