ЗАЕВ СЕ СРЕТНА СО ШЕФИЦАТА НА ГЕРМАНСКАТА ФЕДЕРАЛНА КАНЦЕЛАРИЈА НА ГЕРМАНСКОТО МНР, СУЗАНА ШУЛЦ СПОРЕД КОЈА ЗА МАКЕДОНИЈА НЕМА ДРУГА АЛТЕРНАТИВА ОСВЕН ЧЛЕНСТВО ВО ЕВРОПСКА УНИЈА

0
690
Претседателот на СДСМ Зоран Заев, денеска во Скопје оствари средба со Сузана Шутц, одговорна во федералната канцеларија на министерството за надворешни работи на Германија, за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА.
На средбата стана збор за интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ и во НАТО, регионалната соработка на Балканот, како и за претстојните парламентрани избори во земјата.
Претседателот Заев на средбата со Шутц се заблагодари за континуираната поддршка од Германија на сите нивоа за евроатлантската интеграција на државата и нагласи дека членството во НАТО, покрај стабилност и безбедност во земјата, донесе и инвестиции и економски развој.
-Веруваме во европските вредности, и покрај разочарувањето, што го доживеавме во октомври, продолжуваме да се бориме за нив, истакна претседателот Заев, додавајќи дека нашата земја е добар пример како за кус период се решаваат децениски проблеми и очекува позитивен сигнал, охрабрување од Европската унија во март.
Нашето место е во ЕУ, нагласи Заев, додавајќи дека исполнивме се што беше побарано од нас и повеќе – ги завршивме реформите на судскиот систем, безбедносниот систем, јавната администрација, покажуваме успех во борбата против корупцијата, ја јакнеме регионалната соработка, градиме мултиетничко и рамноправно општество со еднакви права и обврски за сите граѓани.
Дека нема алтернатива за Западен Балкан и за Република Северна Македонија, освен членство во Европската унија се согласи и Сузана Шутц, одговорна во федералната канцеларија за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА, во министерството за надворешни работи на Германија, нагласувајќи дека нема да биде лесно, но изрази надеж дека ЕУ ќе постигне консензус и оти позитивните сигнали нема да изостанат.
Шутц му честиташе на Заев, кој заедно со поранешниот грчки премиер е добитник на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, со која на двајцата државници им се оддава признание за Преспанскиот договор за решавање на спорот за името.