КРАЛОТ НА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ МОМИРОВСКИ ПАК ИЗЛАЖА, ДОБИ ДЕМАНТ ОД МОН – ОНЛАЈН ПЛАТФОРМАТА КОЈА Е СОРАБОТКА НА ПРОГРАМАТА ТИМС ПРИЛАГОДЕНА ОД ФИНКИ РАБОТИ БЕСПРЕКОРНО, ТАКА ЌЕ БИДЕ И СО ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА НА УЧЕБНИЦИТЕ!

0
982

Кралот на лажните вести, уредникот на Алфа Телевизија и водител на емисијата Заспи Ако Можеш, Горан Момировски синоќа во емисијата во која гостинка беше професорката Колозова пак протна една лажна вест, што е негова навика веќе со месеци да ја користи емисијата за да пласира лажни вести, овој пат според него онлајн платформата што ја изработи факултетот ФИНКИ и ја подари на МОН била бескорисна и не работела и тоа било доказ дека дигитализацијата како процес немало да успее во земјава.

Побаравме изјава од МОН за ова и од таму ни изјавија :

– Тоа е чиста лага, Момировски ја лаже јавноста, онлајн платформата работи беспрекорно се работи за изнјамен софтвер од Мајкрософт, програмата ТИМС која потоа беше прилагодена за нашата држава и тука ни помогнаа студентите од ФИНКИ и многу сме задоволни како помина целиот процес, спроведовме хибридна настава на онлајн настава и физичка настава во школите и треба да сме горди што се помина во најдобар ред, само 8000 ученици немаа пристап до компјутер и наставата ја следеа на МТВ каде имаше изработени емисии за сите лекции кои беа според наставната програма. Исто ќе биде и со дигитализацијата, и таа ќе помине во најдобар ред, секој што си ја сака својата земја треба да помага да се дигитализираме и да фатиме чекор со светот а не нашите деца да бидат осакатени без знење за новото дигитално време кое ни се случува во секојдневниот живот. Ја осудуваме манипулацијата и лагите искажани од господинот Момировски од Алфа Тв со која се доведува јавноста во заблуда – велат од МОН за Мактел.

Порталите Мактел заедно со Народен Глас ќе продолжат да ја следат оваа емисија и да ги ловат не сите но барем дел од лагите и манипулациите кои ги прават речиси во секоја емисија овие квази БИВИС И БАТХЕД новинари подмачкани со унгарско масло…