ПОПОВА ГИ ОБВИНИ СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ : НАМЕРНО САКАТЕ ДА ГО БЛОКИРАТЕ ГРАДОТ

0
508

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Ирена Попова на денешната седница на Советот на Град Скопје потенцираше дека ја поддржува програмата на Градот Скопје за како што вели Модерен град.

,,Мнозинството кое застана зад проектот модерно Скопје излезе со став и се изјасни дека ќе ја поддржи програмата за модерно Скопје. Сепак, ова е класично блокирање на програмата за модерно Скопје. Ова е класично блокирање на 45 дена со поднесување на вакви амандмани. Нема да го спасите Градот Скопје со овие амандмани, со ова не ги поддржувате, туку ги блокирате процесите. Јас ја поддржувам програмата на Градот Скопје, но не со опструкции и диверзии” , рече Попова.

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Ирена Попова изминатите неколку дена била мета на закани и навреди на социјалните мрежи, но и во медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ откри таа од говорницата во Советот. Заканите кон неа доаѓале од раководството на партијата.