По артилериската подготовка со „бомбите“, Заев пристапи кон досега невиден метод на отстранување на главните полуги на моќта на Груевски

0
1086

За разлика од импулсивниот и сосема неподготвен Отпор, СДСМ сега применува сосема нов начин на делување, кој се заснова на претходно изградена стратегија, делумно подготвена врз знаења и искуства кои потекнуваат од учењето за ненасилно справување со диктатура.

Во таа насока, по артилериската подготовка, спроведена со „бомбите“, Заев пристапи кон еден, досега невиден, метод на отстранување на главните полуги на моќта на Груевски: ги презема министерствата кои се, веројатно, најзаслужни за местењето на изборите; а во исто време се избори за создавање на нова институција – СЈО, која треба да направи премостување на постоечките, длабоко корумпирани и партизирани органи.

Вака, СДСМ ги ограничи можностите режимот да ја води битката на оној терен каде што е најподготвен – преку репресивниот апарат. Не треба ни да се спомнува дека секој обид за насилно менување на состојбите, ќе му овозожеше на Грујо да приреди совршена показна вежба за растурање на демонстрации и апсење на сите лидери на опозициската мисла, без разлика дали се од СДСМ, или надвор од таа партија.
Сепак, опозицијата мора да е свесна дека досега постигнатото не е ни од далеку доволно, ако не се посвети внимание на следните две работи:

Првата е пристапот на режимот до неограничени можности за пропаганда преку јавните и приватните медиуми, тука нема потреба од објаснување зошто.

Втората работа, која стратезите на опозицијата МОРААТ да ја имаат предвид секој час, во секој ден. Работа која ќе одлучи дали во следната година ќе влеземе во отворена диктатура, во споредба со која ова денешново ќе биде како излет во луна парк е содржана во една реченица на Џин Шарп (Од диктатура, до демократија): „Диктаторите не се во бизнисот на дозволување избори кои би ги отстраниле од тронот“.

Во оневозможувањето на слободни избори, режимот ќе ги употреби сите средства кои му се на располагање. Несебична помош ќе има и од албанските партии, за кои веќе не смееме да имаме сомневање дали се, или не се дел од камарилата на пастирот. Тие се поручници на режимот!

Борбата е пред нас, без разлика што ни се чини дека сме изоделе огромен пат. Создаденото мнение дека „странците ќе го тргнат овој“ е сосема погрешно и во суштина не е засновано на реални состојби, ослободувањето на Македонија е работа исклучиво на нејзините граѓани.

А, целата демократска опозиција мора да обедини што повеќе и поголеми сектори од општеството во нејзината кауза и да воспостави нови, попркосни, повидливи, помобилизирачки и побескомпромисни форми на притисок, кои оперативниот простор на режимот ќе го намалат до ниво на нефункционалност.

Фејсбук статус на Васко Лазаревски