НЕВИДЕН ДУДУК, ХАН НЕ ГО БИВА НИ ЗА КРИВ СТАП : Преговорите во Брисел ПРОПАДНАА, НЕМА ДОГОВОР за излез од политичката криза!

0
999

Brisel pregovori 10 juni

Целодневните преговорите меѓу ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ДУИ кои со посредство на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се одвиваат во Брисел, завршија без постигнат договор, објави телевизија „Алсат М“.

Како што објави дописникот на „Алсат М“ од Брисел, Владимир Мирчески, доцна вечерва преговорите се прекинати и на истите не е постигнат никаков договор.

Алсат-М јави дека преговорите во Брисел пропаднаа. Груевски прифатил техничка влада, но сакал да остане во својата фотелја до крајот на годината. Заев одбил вакво пазарење од принципиелни причини.

Повикувајќи се на специјалниот известувач од Брисел, Владимир Мирчевски, Алсат-М соопшти дека преговорите меѓу партиските лидери во Брисел завршиле без успех.

Како што веќе соопштивме, вечерва се преговарало за предлогот за техничка влада 3 до 6 месеци пред изборите. Премиерот Никола Груевски инсистирал на тоа да ја задржи својата фотелја до крајот на оваа година, што би значело да се повлече најрано 3 до 4 месеци до изборите најавени во април 2016 година.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, енергично се спротивставил на ова барање и останал на ставот дека е потреба преодна влада без Никола Груевски, која во еден подолг период ќе спроведе политички промени во земјата и ќе подготви услови за фер и демократски избори.