ФОН ќе биде академски дом на околу 25.000 странски студенти кои ќе студираат на англиски и македонски јазик

0
1453

Универзитетот ФОН ја обелодени новата менаџерска структура како и развојната стратегија за интернационализација на ФОН.

Со партнери од Кралството Холандија и Република Турција, универзитетот ФОН го означува почетокот на процесот на интернационализација и позицинирање како универзитет од третата генерација.

Практично ова значи дека во наредните 5 години, ФОН ќе биде академски дом на околу 25.000 странски студенти кои ќе студираат на Англиски и Македонски јазик, домашните студенти ќе имаат можност да заминат на платена практична работа во светските корпорации и понатаму да се борат за вработување.

На прес-конференцијата беше објавено и почнувањето на работа на ултра-модерниот студентски дом на ФОН Универзитет во кој ќе бидат сместени пред се странските студенти, како и новите развојни центри кои ќе бидат дел од новиот кампус.