СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА ЌЕ ГО ДОЧЕКАТЕ НА СЛОБОДА

0
1226

За неполн месец сметано од денес, ќе изготвам Предлог закон за амнестија со кој во детали ќе бидат образложени причините за неговото донесување и целните групи на осуденици, кои ќе ги тангира.

Ќе биде побарано од пратениците од сите политички партии да го предложат како овластени предлагачи. Ако тоа не се случи повторно ќе иницираме постапка за собирање на потписи и пак ќе дојдеме во тој Ваш законодавен дом за да се дообјасниме.

Се надевам дека тогаш, како и денес Ти ќе ја водиш расправата на комисијата, па боже здравје, ако како претставник на предлагачите се погодам јас, ќе ми биде мило да ти дообјаснам што обработува таквиот предлог за донесување токму на таков закон. Ќе те потсетам што значи да го научиш предметот “Политички систем”, кој ти го положи со протекции и каков затворски систем функционира во нашата држава. Ќе побарам ти да објасниш со кое право и по кој закон затворските услови кои твојов систем ги овозможува на затворениците, го кратат животот и здравјето на 90% од затвореничката популација, во какви услови се живее од утро до мрак. Ти Влатко да кажеш сличен пример на затвор со истите услови од соседството и светот.

Се надевам дека предлогот многу мина од Вас ќе го дочекаат на слобода, за да се дообјасниме.

Се гледаме колега Ѓорчев, за неполн месец.

Од фејсбук зидот на адвокат Жарко Стеваноски