ПАДНАА МАСКИТЕ, КОНЕЧНО ВМРО ПРИЗНА ДЕКА СЕ АНТИ ЗАПАДНА ПАРТИЈА – МИЦКОСКИ : ЕУ НЕ СЕ УБЕДЛИВИ?!

0
511

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, останува на зборот дека неговите пратеници нема да гласаат за уставните измени, потребни за непречно одвивање на преговорите со ЕУ и отворање на кластерите. Како што рече Мицкоски денеска, зборовите на германската министерка за надворешни работи, Анелина Бербок, не биле доволни убедливи на вчерашната средба со него.

-Не слушнав доволен број на аргументи со кои би ме убедиле да го променам мојот став, да ги совладаат моите аргументи. Затоа заклучокот беше дека овој парламент нема мандат, дека под бугарски диктат ВМРО-ДПМНЕ нема намера да прифати уставни измени – рече Мицкоски.

Во вечерашното гостување на „Само вистина“ Мицкоски објасни на што поточно тој се противи. Имено како што рече проблем претставува протоклот потпишан со Бугарија кој предвидува корекции во македонските учебници во согласност со барањата на бугарската страна.Поради тоа, рече Мицкоски, доколку ги изгласаме уставните измени влегуваме во вечни преговори за ЕУ.Тој додаде дека има свој план за влез во Унијата, но дека зависи од ЕУ дали ќе го одобри. Не понуди одговор што доколку ЕУ не го прифати неговиот план.