(ВИДЕО) Шеќеринска очекува сајбер-упадите од Русија да продолжат следните денови

0
881

Според шефицата на одбраната, разговорите на премиерот Заев со руските „комичари“ и измамници не ја ставиле во ризик безбедноста на земјата, но сепак се случај од кој треба да се учи како да се подобри безбедноста на комуникациите. Шеќеринска очекува ваквите хибридни и сајбер напади да продолжат.

„Треба да се навикнеме дека во периодов пред нас ќе бидеме цел на рзни хибридни и сајбер напади чија цел ќе биде да го загрозат нашиот пат кон НАТО и во такви ситуации нема да се бираат средства. Ова не е средство искористено само кај нас. Имавме можност да чуеме дека истиот инструмент бил искористен и со Генералниот секретар ан НАТО, со претседателот на Франција. Чудно е да се поставува прашање како им успеало ова да помине во С. Македонија, кога гледаме дека тоа им успеало со врвот на Алијансата. Ваков тип на закани и упади ќе продолжат. Второ, во овој напад не е повредено ништо од безбедносна содржина, но се разбира дека треба да ја менуваме безбедносната култура и десетпати да провериме – изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

Извор: 360