ПРИВЕДЕН КРАДЕЦ ВО ШТИП ЗА ИЗДРЖУВАЊЕ ЗАТВОРСКА КАЗНА

0
231

На 06.11.2023 во 15.15 часот на ул.,,Борис Крајгер’’ во Штип, полициски службеници од Полициска станица од општа надлежност Штип го лишиле од слобода Е.А.(20) од Штип.

Тој се барал по распишана централна потерница за сторено кривично дело тешка кражба, а притоа кај него била пронајдена марихуана. Лицето е спроведено во затвор Струмица за доиздржување на казната, а по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.