(АУДИО) НУКЛЕАРНА БОМБА: Директорот на прилепската болница Петар Ристески снимен како им вели на вработените: Овде не сте вработени оти сте способни, туку преку партија

0
6239

Порталот Публикум пренеседека со нивната редакција пристигнал тонски запис во траење од 28 секунди. Според порталот аписот е направен на еден од состаноците кој директорот на прилепската Општа болница „Борка Талески“ и воедно координатор на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, ги одржува со вработените во пресрет на неделните парламентарни избори.

Како што може да се чуе од краткиот аудио запис, директорот Ристески ги предупредува вработените дека сите тие биле вработени во болницата не затоа што биле способни, туку затоа што биле партиски членови и дека ако биле способни ќе работеле во приватното здравство. Затоа, како што вели Ристески „да не си дозволиме да имаме проблеми“.

Интегрален текст од аудио записот:

„Излегла партијата во пресрет на сите, ни дала парче леб. Ако сме биле способни, можеме да бараме во приватно здравство, не знам други работи да си работиме, не требало од партијата да бараме вработување ако не ни е битно или ако сме биле способни. Никој овде не е вработен од шо е многу способен, туку од шо е партиски член. Да не си дозволиме да имаме проблеми…“

-Тонскиот запис кој го чувте ќе биде доставен до МВР и до Државната комисија за спречување на корупција -пренесува Публикум.