ЕВРОАМБАСАДОРОТ ГИР МУ ГО ПРЕЗЕНТИРА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ

0
333

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира на претседателот Стево Пендаровски Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2023 година.

– Извештајот, кој го нотира сработеното од првата фаза за почеток на преговорите со скринингот, прикажува и детална слика за состојбите во македонското општество, а дава патоказ за натамошната работа на институциите, како и областите во кои треба да посветиме внимание, објави Пендаровски на фејсбук.

Евроамбасадорот Гир претходно им го врачи Извештајот на ЕК и на претседателот на Собранието Талат Џафери и на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.По повод објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Република Северна Македонија за 2023, Маричиќ и Гир утре ќе одржат прес-конференција во Медија центарот на Владата.