(ВИДЕО) Опасност од зарази во поплавените подрачја: Се појавија инфекции

0
1002

Граѓаните од поплавените подрачја на удар од зарази. Се јавуваат пацинети со загноени рани и кожни инфекции. Овие случаи најчесто ги откриваат лекарите-доброволци кои се на терен во Стајковци, Ченто, Арачиново, но има и граѓани кои се обратиле во болниците. Во Хирушкиот ургентен центар „Свети Наум Охридски“ хоспитализиран е пацинет со инфицирана рана на стапало. Граѓани со вакви проблеми имало и во градската болница, скопскиот ургентен центар, а кај неколку интервенирала и итната медицинска помош. Најголем ризик од инфекции има кај лицата кои завршиле со расекотини при расчистување на теренот. Од Комисјата за заразни болести потврдуваат дека граѓаните ги демне опасност од зарази, но тврдат дека преземаат се` за да спречат нивна појава, пренесува Телма.

-Тек сега почнуваат да се јавуваат ризици од појава на заразни болести, досега повеќе беа трауматски или незаразни, заболувања на кожата од директен контакт со разни можни пестициди од почвата, површинските води итн, потенцираше Звонко Миленковиќ, Комисија за заразни болести.

И патронажните сестри од цела Македонија се на помош во погодените подрачја, но со врзани раце. Се жалат дека без лекови одат во посета на хронично болните и освен преку совети немаат како понаку да им помогнат.

– Патронажни сестри од цела Македонија се овде, но нема наредби што ќе се работи понатаму. Вчера бевме во с. Страчинци да видиме каде фалат лекови и колку, за денеска ништо не ни е кажано што ќе работиме.

– Што им делевте на луѓето?

-Не им делевме ништо, немаме што да им делиме, треба да ни донесе некој за да делиме.

И додека патронажните сетсти чекаат наредби од здравствените власти како да им помогнат на хронично болните, мистерот Никола Тодоров тврди дека задравството е организирано и на терен со сите расположливи капацитети. Вели, приоритет се хроничните пацинети.

-Патронажните тимови ќе бидат фокусирани во Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Црешово…, интенцијата е денеска, утре и најдоцна задутре сите пацинети да бидат посетени и да им биде доставена терапија. Откако ќе се завршиме со нив, ќе продолжиме со посети и на сите останати, рече Тодоров.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство постојано регистрираат угинати животни, кои исто така се потенцијална опасност од ширење зарази.

– Како се повлекува водата излегуваат нови и нови угинати животни. Ние секој ден сме на терен, секој ден собираме. На крајот на денот не останува животно што не е собрано. Но, наредниот ден пак како се повлекува водата излегуваат нови животни кои не биле пријавени претходно. И сигурно и наредните денови ќе има животни кои самите стопанственици не знаат кај им се, изјави Зоран Поповски, директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Оттаму ги повикаа граѓаните ваднаш да го пријавуваат угинатиот, но и исчезнатиот добиток, за да можат инспекторите да направат точни проценки. Сите досега регистрирани угинати животни се однесени на депонијата Дрисла.

ВИДЕО прилогот може да го погледнете ОВДЕ