11.1 C
Prilep
Saturday, April 27, 2024
Home Македонија МУЦУНСКИ : МНОГУ ЛИЦЕМЕРИЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ВЛАДАТА И НИТУ ЕДЕН ПРОЕКТ...

МУЦУНСКИ : МНОГУ ЛИЦЕМЕРИЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ВЛАДАТА И НИТУ ЕДЕН ПРОЕКТ ЗА АЕРОДРОМ

0
337

Говорејќи за работата на Владата предводена од СДСМ и ветувањата за реализација на проекти во Аеродром, градоначалникот на општината потенцираше дека ниту едно ветување дадено од нивна страна досега не е реализирано.

„На само четири месеци до крајот на нивниот мандат и заминувањето во опозиција, се потсетуваме на проектите кои ги ветуваа пред аеродромци во 2020 година. Мандат исполнет со лажни ветувања, недомаќинско и расипничко работење од кое последиците ги трпи државата и сите ние – граѓаните“, напиша градоначалникот Муцунски во својата објава потенцирајќи дека има многу лицемерие во работењето на владата.

Тој додаде дека ниту еден од ветените проекти кој се однесува на Аеродром, досега не е реализиран.„Напротив, изминатите две години секојдневно, со сите сили и расположливи механизми, без никаква грижа на совест, ги кочат и опструираат капиталните и инфраструктурни инвестиции“, заклучи Муцунски.