СО ДОНАЦИЈА ОД САД, РЕНОВИРАНА КЛИНИКАТА ЗА ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА

0
506

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, денеска беше во посета на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија, каде е комплетно реновиран првиот спрат за интензивна и постинтензивна нега на Клиниката, вклучувајки ги кабинетите за дијагностика и интервенции.
„Најтешко болните пациенти од целата држава кои имаат потреба за болнички третман на Клиниката за гастроентерохепатологија отсега ќе престојуваат во достоинствени услови и ќе добиваат современи медицински услуги.

Пациентите кои имаат потреба од дијагностика и интервенции, ќе бидат прегледувани и третирани во новоопремени кабинети за дијагностички и интервентни процедури. Ова е прво вакво реновирање, откако е формирана Клиниката за гастроентерохепатологија“, рече премиерот Ковачевски.

Реновирањето е во најголем дел финансирано од Владата на САД, конкретно од Командата на Соеднинетите Американски Држави за Европа, во вредност од над 400-тини илјади американски долари, наменето е за граѓаните на Република Северна Македонија, а е реализирано во соработка со Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија во Клиничкиот центар во Скопје, поради што премиерот Ковачевски се заблагодари до амбасадорката на САД и до директорката на Клиниката.

„Почитувана амбасадорке на САД, Ангела Агелер, благодарност до граѓаните и до Владата на САД за огромната поддршка од Соединетите Американски Држави – на Република Северна Македонија – во сите важни процеси, но и на конкретно ниво, преку проекти од суштинско значење за квалитетот на живот на нашите граѓани. Преку истата оваа програма за хуманитарна помош од САД, знам дека се прошируваат и капацитетите на Клиниката за хематологија, а се проширени капацитетите и се реновирани операционите сали на Клиниката за максилофацијална хирургија.