ОТЕЦ ПИМЕН : ОТВОРАШ НЕВЛАДИНА И ДОБИВАШ ПРАВО НА ЦРКВАТА ДА И ОДРЕДУВАШ МЕСТО НА МАРГИНИТЕ НА ОПШТЕСТВОТО

0
718

Отец Пимен со став по најавениот протест на МПЦ против Законите за матична евиденција и родова еднаквост.

– И така. Демократијата ете за сѐ имала решение. Маргинализиран си. Отвораш невладина и добиваш право на црквата да и одредуваш место на маргините на општеството. Ти имаш право на мислење и слобода, а верникот нема. Без гајле, знаеме ние кај ни е местото. Знаеме дека нашата власт не е извршна и дека ако науми државата да донесе некој закон ќе најде начин тоа да го стори. И треба ли да премолчиме, да не кажеме наше мислење? А знаат ли тие на другата страна дека никој не им дал такво право да ни забрануваат да кажеме свој став?

Црквата векови прогон и убивања претрпела од цареви земни силни и режими. И не замолчувала. И денес не замолчува. Ќе одолее и на притисокот на неколку невладини и владини невладини организации. Ќе го изнесе својот став и тоа преку љубов, не со омраза. Се гледаме во четврток, напиша тој на својто фејбук профил.  МПЦ-ОА забележува што во предложените закони ниле упати на низа забелешки за спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се земаат во предвид.