БИТИЌИ ВО БУТЕЛ : ГО ШТИТИМЕ СТАНДАРДОТ НА СИТЕ ГРАЃАНИ, ИНФЛАЦИЈАТА ПАЃА, СЕ ВРАЌА И ЕВТИНАТА ТАРИФА НА СТРУЈАТА

0
580

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи денеска како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ беше меѓу граѓаните на општина Бутел.

– СДСМ секогаш носи прогрес, демократија и економски развој. Преку одговорните и ефикасни мерки успеваме и во време на криза да ги намалиме трошоците за живот. Од следниот месец, цената на електричната енергија за домаќинствата од првиот и вториот блок се намалува за 7,04, односно за 4,09 отсто. Повторно паѓаат во вода шпекулациите на ДПМНЕ дека нашите сограѓани ќе плаќаат најскапа електрична енергија во регионот и дека се можни рестрикции во снабдувањето.

Од друга страна, се враќа и евтината тарифа на струјата, имаме и силен пад на инфлацијата. Со нашите економски политики успавме да влијаеме и стандардот на граѓаните да го заштитиме и пост кризно да се враќа во нормала. Сето ова за нас е дополнителен мотив да продолжиме да работиме уште повеќе посветено во интерес на сите граѓани, порача Битиќи.

Во општина Зелениково беше Оливер Спасовски кој пред присутните порача дека сите политички чинители имаат одговорност и обврска да ја обезбедат европската иднина на државата.

– Сите политички чинители имаат одговорност кога е во прашање иднината на земјата. Даваме простор и шанса ДПМНЕ да останат на јавно искажаниот став и да се вклучат во процесот. Ние заедно со сите коалициски партнери ќе направиме сѐ, за да ја искористиме оваа шанса, државата да продолжи напред и да ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ до 2030 година, посочи Спасовски.