ВЕЛИГДЕНСКИ РАКОМЕТЕН УСПЕХ, СОВЛАДАНА ШВАЈЦАРИЈА И ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

0
1249

Северна Македонија со 29:28 славеше над Швајцарија и со пет победи и еден пораз ги заврши квалификациите за Европското првенство. На Швајцарија и’ одговараше и бод за пласман на Европското првенство, но одигравме максимално ангажирано и професионално и со победа ги заврши квалификациите.

Во првото полувреме Швајцарија беше подобар противник, имаше предност и од три гола разлика, но нашата репрезентација го крена нивото во вториот дел и го сврте мечот. На десетина минути пред крајот, направивме серија од 4:1, поведовме со 26:23 и успеавме да ја одржиме предноста до крајот на мечот за победа од 29:28.
Никола Митревски имаше брилијантна партија со 16 одбрани, а постигна и гол. Филип Кузмановски и Кире Лазаров со по 6 гола беа најефикасни. Во составот на Швајцарија Шмид и Рубин постигнаа по 8 гола, Портнер имаше 11 одбрани.
Квалификациите ги завршивме со пет победи и еден пораз што е најдобар учинок за Северна Македонија во едни квалификации.