ПЕНДАРОВСКИ : СЕКОЈ АМБАСАДОР ИМА ПРАВО И ОБВРСКА ДА СИ ГИ ШТИТИ ИНТЕРЕСИТЕ НА СВОЈАТА ЗЕМЈА

0
670

Македонскиот претседател Стево Пендаровски во врска со вчерашната реакција на австрискиот амбасадор во земјава, Георг Вуцас, кој истакна дека фирма од Австрија не може да си наплати 4,5 милиони евра долг од семејството Заеви рече дека го следи случајот и ги слушна коментарите дека австрискиот амбасадор наводно се меша во нашите внатрешни работи.

„Тука не станува збор за никакво мешање во нашите внатрешни работи, оти секој амбасадор има легитимно право и обврска да си ги штити интересите на својата земја“ е ставот на Пендаровски.

„И нашите амбасадори кои ја претставуваат нашата држава во странство имаат обврска да ги штитат интересите и на приватните бизниси на нашите граѓани во странство, а не само на институциите. Вчера видовме реакција и од поранешниот премиер Зоран Заев кој упати на институционална разврска, па очекувам македонските институции да утврдат дали навистина имало непочитување на меѓународна арбитража“ – порача Пендаровски.