ЗЕЧЕВИЌ ОД ЈЕГУНОВЦЕ : СО СДСМ ГРАЃАНИТЕ ЗНААТ НА ШТО СЕ, ДРЖАВАТА СЕ ДВИЖИ ПО ВИСТИНСКИОТ ПАТ, ЕВРОПСКИ ПАТ

0
458
Со СДСМ граѓаните секогаш знаат на што се, со нашата политичка одговорност и државнички однос земјата се движи по вистинскиот, европскиот пат и се справува со предизвиците кои се исправени пред нацијата во актуелниот глобален политички момент, порача денеска од Јегуновце, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.
На работен состанок со членови и симпатизери на СДСМ, Зечевиќ додаде дека во сите клучни историски моменти за државата, СДСМ секогаш била на вистинската страна за што е заслужен секој социјалдемократ.
– Но, тоа е нашата карма – секогаш да ги носиме вистинските одлуки, вистинските прогресивни државнички политики. Политики кои ја носат државата напред, кои ја интегрираат во големото европското семејство како свои на своето, со свој македонски јазик, посебност, идентитет и култура. Стратешките, национални теми треба да се заокружат и целосно да се реализираат. Не беше воопшто лесно досега. Нема да биде лесно и понатаму. Но, ние не калкулираме. Ние се бориме за иднината на оваа држава и на нашиот народ во актуелниот глобален политички момент. Тоа не дефинира нас, македонските социјалдемократи, порача Зечевиќ во Јегуновце.