Миленко бара од народот да се кренел на востание и со сила да ги сотрел и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, народот да упаднел во седиштето на ДПМНЕ и во зградата на владата!

0
2964

Миленко повикува на народно востание?!

И ние тоа молчешкум го гледаме?!

Груевски бил крив?!?!?! Ма нееее, ние сме сами криви!!!

Иванов бил виновен оти во овие моменти бил фикус?!?!?! Ма нееее, ние сме си сами виновни. Ние. Ние сме фикуси. Сите од ред.

Ние и никој друг.

Наместо “Комитски вечери“ и виење ора додека браќа чемреат во зандани, вистинските Македонци (ако такви сеуште има останато) треба да разговараат и договараат одење на Мечкин камен и попречување на понижувањето. Организирање блокада на Скопје за да не можат Борисов и Заев на мира да потпишуваат невалиден документ и да се поклонуваат на Гоце кај “Фонтана“ и во Св. Спас. Бара масовно одење пред резиденцијата на Хорхе и пред “Вајт хаус“ на ДМРО ДПМНЕ и барање Груевски и Иванов КОНЕЧНО нешто да преземат. Оти смачено ни е на сите од партиски дебати и соопштенија… Смешно е да се гледа како државата се распаѓа а идентитетот се губи – а ВМРО ДПМНЕ на тоа “грмнува“ со панел дискусија или партиско соопштение!!! Замислете на Мечкин камен при нападот на турците, Питу Гули да одговореше со една панел дискусија. А потоа Карев и Груев да се пресметаа со аскерот со партиско соопштение?!

Велам, им се чудев на евреите како беспоговорно отидоа во своето уништивање, а еве сега мене истото ми се случува.