Бејта за Призма: Ако отидевме со ВМРО ДПМНЕ ќе завршевме како ДПА

0
1239

„Ако отидовме со ВМРО, ќе завршевме како ДПА“ Во случај да коалициравме со ВМРО, на наредните избори немаше да имаме ни три пратеника“ вели Невзат Бејта во интервју за Призма.

Она што целата јавноста го знае како платформа, тиранска или албанска, Бејта внимателно го нарекува декларација на политичките партии на Албанците во Македонија. Упорно се обидувавме од него да дознаеме до детали што точно ВМРО-ДПМНЕ прифатиле од платформата, дали се согласиле со идејата за спикер Албанец, што е со двојазичните униформи, до каде попуштил Груевски на барањата за дискусија околу државните симболи, знамето и химната…, пишува Призма.
„Околу ова прашање немојте да се мачите, тие прифатија сѐ, сѐ освен продолжување на рокот на СЈО“, нѐ прекина Бејта во набројувањето и се обиде да ја расчисти дилемата дали ВМРО-ДПМНЕ прифатила Талат Џафери да го води Собранието.
„Се согласија претседателот кадровски да биде од ДУИ, а не може тие да ни кажат кој да биде од нашите редови. Имаме десет пратеници и еден од нив ќе биде.“
Се бара решение за локалните Бејта вели дека неговиот мандат како градоначалник завршува на 16 април и од тогаш тој нема законско право да ја извршува работата како градоначалник.
„Немам право ни плата да земам, зашто законот е дециден дека четири години ми е мандатот. Имаме мислење од Министерството за локална самоуправа дека изборите ќе се одржат на 14 мај и тие на сите ни пуштија мислење до тој датум да го продолжиме мандатот. Сега, со новава ситуација, му дадовме задача на Министерството за локална самоуправа пак да донесе нов заклучок. Ако може премиерот да е и пратеник, тогаш нека донесе Владата заклучок дека старите градоначалници ќе си ја вршат должноста додека не дојдат новите. И така ние градоначалниците да бидеме чисти пред органите на правдата и пред граѓаните“, смета градоначалникот на Гостивар.
Ако за нешто е сигурен, тоа е дека раководството на ДУИ правилно одлучило кога не ја продолжи коалицијата со партијата на Никола Груевски, дури и меѓународната заедница ќе ја откажела поддршката за Македонија. Смета дека поранешниот премиер и ВМРО-ДПМНЕ многу ги понижиле и ги уцениле Албанците и токму затоа неговата партија го платила цехот на последните избори.
„Ако не го направевме тоа, ДУИ на наредните избори немаше да има ни три пратеника. Ќе завршевме полошо отколку што заврши ДПА, таа партија беше верна кон ВМРО и од 11 заврши со двајца пратеника, а прашање е дали во иднина ќе има и еден пратеник“, смета Бејта.
Инсистиравме и да ни ја лоцира одговорноста за лошиот изборен резултат во неговата партија, а тој возврати со реторички прашања кој е одговорен во ВМРО-ДПМНЕ и во ДУИ во моментов. „Зошто ми барате имиња? Јас сум претседател на огранокот во Гостивар и за сѐ што се случува во градот никој друг не е виновен, освен јас. Јас сум градоначалник, јас ги потпишувам документите, ако некому не му е завршена работата, не му е завршена од мене. Јас верувам во тој принцип.“
Сепак, Бејта не мисли дека за изборниот неуспех треба да го повика на одговорност неговиот претседател Али Ахмети, да му бара оставка, оти ДУИ победила во албанскиот блок и сѐ уште уживала голема поддршка. „Да имавме осум пратеници и друга албанска партија да имаше девет, тогаш не требаше да разговараме за коалиција туку за одговорност зошто дојдовме до оваа ситуација.“

Уште еднаш нѐ увери дека е оптимист и оти наскоро ќе се конституира парламентот, ќе имаме претседател на Собранието и нова влада. Порача дека не се одлучува преку протести туку дека одлуките паѓаат кај гласачката кутија.

„Може и 300.000 да излезат на улица, ама тоа ништо не значи. Волјата на граѓаните се покажува на избори, во избирачката кутија, не на улица.“
Разговорот го завршивме со впечатокот на Бејта дека неговите поранешни коалиционери од ВМРО ДПМНЕ, не можат да се замислат во опозиција и статус на обични граѓани.
„Се шетам низ Скопје и го среќавам Владо Бучковски, со кеси од маркет. Тој ни беше премиер, а сега е обичен човек. И нема ништо страшно во тоа. Груевски не може да се замисли себе си во таа улога.“Груевски, според него, влегол во филмот уште еднаш да биде премиер, па претседател, па повторно да се врати како премиер. „Кога бев во Владата вмровците ми викаа, ‘ние министре Бејта 100 години ќе владееме. Нема кој да нѐ победи’. Тие сите така мислеа, а јас им велев вие ќе завршите полошо отколку СДСМ кои, кога беа на власт, не сакаа да зборуваат ниту со своите родители, а не, пак, со мене како потпретседател на ДУИ и како потпретседател на ЗЕЛС.“Интервјуто во целост прочитајте го ОВДЕ