ОПШТИНА ПРИЛЕП И БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ЗА НИВЕЛИРАЊЕ ШАХТИ, ТАМПОНИРАЊЕ УЛИЦИ И ТРОТОАРИ СКЛУЧИЛЕ ДОГОВОР СО ФИРМА СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ,,МЕСТЕЊЕ ТЕНДЕРИ” СО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 150.000 ЕВРА

0
957

Во објава на ,,Инфомакс” при информации од системот за јавни набавки се објавени информации со статус на јавен карактер за тоа како “Изолација Дамјан Силјановски” доби повеќе од 141,5 милиони денари од само четири општини.

Имено се работи за фирма која има кривична пријава за местење на тендери, додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ правеа кворум за измена на Кривичниот законик токму за членот 353 – Злоупотреба на службената положба и овластување.

ОПШТИНА ПРИЛЕП:

Договор за Одржување на улици и општински патишта – ударни дупки, прокопи, нивелација на шахти, тампонирање, тротоари пешачки патеки и др. Слкучен на ден 24.03.2022 во вредност од 9.440.000,00ден. Потпишан од Борче Јовчески.

Вкупно од Прилеп 9.440.000,00ден

Иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски постојано зборува дека “секој кој се огрешил пред законот треба да си одговара”, неговите градоначалници делеле тендери на фирма која има кривична пријава за местење на тендери како што е конкретниот случај и со Општина Прилеп.

​На 20 ноември 2020 година управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Зелениково и уште шест лица за „злоупотреба на службената положба и овластување” и „поттикнување”.

Како што информираа во тоа време од управата, првопријавениот В.Г. во соизвршителство со третопријавениот С.Т. во својство на инжинер за изведба и четвртопријавената Б.Ј.Ј. во својство на надзорен инженер поттикнати од И.Н. во својство на управител на Друштво за завршни и занаетчиски работи во градежништвото ИЗОЛАЦИЈА Дамјан Силјановски и др. ДОО увоз-извоз Скопје, во текот на 2017 година ја злоупотребиле службената положба и овластување на начини што првопријавениот потпишал и исплатил средства во износ од 2.198.109,00 денари од буџетот на Општината на сметката на пријавеното Друштво за завршни и занаетчиски работи во градежништвото ИЗОЛАЦИЈА Дамјан Силјановски и др. ДОО увоз-извоз Скопје за наводно извршени работи за крпење на дупки опишани во времена ситуација, градежен дневник и градежна книга заверени со потпис и печат од страна на трето и четврто пријавените, иако наведените работи не биле во целост извршени ни по квалитет ни по квантитет и на тој начин предзивикале штета на Општината Зелениково во износ од 903.190,28 денари.

Петтопријавената С.С.Б., во својство на претседател на комисијата за јавната набавка, шестопријавена Д.Ѓ. во својство на член на комисијата за јавната набавка и седмопријавената К.С. во својство на член на комисијата за јавната набавка, во текот на 2017 година, поттикнати од второпријавениот И.Н., ја злоупотебиле својата службена положба и овластувања на начин што свесно и со однапред утврдена намера во постапката за јавна набавка на градежни работи, предвиделе ограничувачки и дискриминаторски критериуми, не побарале задолжителна согласност од Советот за јавните набавки, извршиле незаконска евалуација на понудите и спротивно на законските прописи понудата поднесена од страна пријавениото Друштво за завршни и занаетчиски работи во градежништвото ИЗОЛАЦИЈА Дамјан Силјановски и др. ДОО увоз-извоз Скопје ја избрале за најповолна понуда, при тоа овозможувајќи му на пријавениот правен субјект да се стекне со противправна корист од 2.536.943,00 денари.

Потписник на дел од договорите со општините склучени во последните две години е токму управителот Иван Николиќ, против кој е поднесена претходно споменатата кривична пријава.