И ПАНДЕТО РАСПАЛИ ПО ВМРО ДПМНЕ, ВЕРЕН ИМ ОСТАНА САМО КУТРИОТ ЉУПЧЕ ЗЛАТЕВ

0
1741

Жестока критика на фб на куртонот Александар Пандов:

Македонија е единствена земја во светот во која актуелни пратеници се во притвор со обвиненија за тероризам. Единствена!

Под истото обвинение се уште 20-тина родољуби и патриоти. Причината е што истиве се обидоа да го спречат нелегалниот избор со 57 гласа на Таљат за спикер на парламентот и инсталирање на хунтата на Заев во Република Македонија. Овие беа политичките причини поради кои опозицијата го напушти парламентот. Математичката причина беше 12% притворени опозициски пратеници.

Синоќа Мицковски ни прочита дека биле задоволени и математичките и политичките услови за враќање на опозицијата во парламентот. Па еве сакам да прашам ако пратениците и патриотите се и понатаму во притвор, а нелегитимниот Таљат само пред неколку недели избриша под со нивните 35.000 амандмани, што е тогаш тука политички исполнето.

Од друга страна со математика никогаш не сум бил нешто посебно добар, арно ама со сигурност знам дека по заминувањето на Чедо, Амди и неколку други пратеници, а притоа само една од притворените шест пратеници е ослободена, тогаш процентот од 12% притворени опозициски пратеници оди нагоре на 15-20%. Што ќе рече по мојата математика , а верувам дека и по математиката на секој здраворазумен човек резултатот ќе биде дека и овој услов не е исполнет!

Не е ваљда дека ќе се враќаат поради патните трошоци