ЕКСКЛУЗИВНО : ДОЛГО Е ЛЕПЛИВОТО РАЧЕ НА ПАСТИРОТ, дали Груевски и бате Саше со новата кривична од МВР до ,,Макпетрол” крие обид за присвојување на ТВ Телма КАКО И ЗА БИЗНИСОТ ,,МАКПЕТРОЛ”?!

0
1094

По големата акција на МВР која е организирана против 21 лице поврзани со незаконско прелевање на капитал од акционерското друштво Макпетрол во Командитното друштво со акции Оилко се поврзува и сопственикот на Макпетрол Андреа Јосифовски кој важи за Претседател на Управен одбор во Макетрол и Комплементар и Управител во Командитно друштво со акции за транспорт ОИЛКО КДА Скопје и Управител во Командитно друштво со акции за транспорт ОИЛКО КДА Скопје како и сопственик на ТВ Телма.

upravna-zgrada-g

Она што е спорно е обвинувањето на МВР кон Макпетрол за кое пријавените членови на Управен одбор во втората половина на 2006 година, спротивно на законот за трговски друштва без да има било каква одлука на собранието на акционери на Макпетрол самоиницијативно и нетранспарентно превземаат повеќе активности за кој МВР молчи скоро 10 години.

Па од тука во јавноста се појавуваат сомнежот и  прашањето за тоа дали е ова навистина еден вид на акција на МВР за сузбивање на организиран криминал или кукавички потег како ,,Киша око Крагујевац” во поход да се освои една од најгледаните ТВ куќи телевизија Телма со евентуалниот притвор на сопственикот на Макпетрол Андреа Јосифовски. Како и да е спроед пошироката јавност овај потег на МВР мириса на еден трул обид на власта преку МВР да го симне сопственикот на Макпетрол, потоа најверојатно да стави свој послушник а потоа да ги вмеша своите лепливи и долги рачиња и во ТВ Телма бидејќи како што стои во обвинението на МВР обвинетите се товарат за злоупотреба во изминат период од 9 или 10 години.