СПАСОВСКИ : ДЕНЕСКА ОТПОЧНУВА ПРОЦЕСОТ НА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА УСЛУГИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ВО ОДНОС НА ИЗДАВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА

0
232
Граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат уверение за државјанство во електронска форма на е-маил адреса и мобилен телефон.
Барањето се поднесува во лично име и за свое малолетно дете, а услугата е достапна на веб сајтот www.uslugi,gov.mk, лични документи и исправи, државјанство.

Барање може да поднесе лице кое има државјанство на Република Северна Македонија и е регистрирано на порталот за е-услуги, преку Системот за единствена најава (СЕН). Досегашниот начин на издавање на уверение за државјанство во хартиена форма ќе продолжи да се издава на досегашниот начин (лично или со полномошно на шалтерите во управните служби на Министерството за внатрешни работи) независно каде лицето има пријавено живеалиште.

МВР продолжува со дигиталната трансформација на процесите и услугите и во наредниот период, а со цел обезбедување брзи услуги кон граѓаните преку намалување на влијанието на човечкиот фактор – ова е еден важен аспект од процесот на евроинтеграциите, бидејќи така ќе се подобри и квалитетот и ефикасноста во обезбедување на услуги за граѓаните. Притоа, ќе се осигура континуитетот и непречената работа на институциите. А, воедно би споменал дека е и успешна алатка во борбата против корупцијата.