ОД 50 СОВЕТНИЦИ НАСЛЕДЕНИ ОД ЗАЕВ, КОВАЧЕВСКИ ЌЕ ИМ ДАДЕ ОТКАЗ НА 38, ЌЕ ОСТАВИ САМО 12 НА ФУНКЦИЈА, ГРУЕВСКИ ИМАШЕ НАД 100 СОВЕТНИЦИ!

0
1290

Владата на денешната седница донела одлука за намалување на бројот на советници. Наместо 50, премиерот Димитар Ковачевски отсега ќе има 12.

Како што брифираат од Владата, двајца од нив се Германци, а останатите се универзитетски професори од соодветните области.

Претходно во соопштение, владината прес-служба соопшти дека донела низа антикризни мерки за рационализација на трошоци во јавниот сектор.

–Со овие мерки сите буџетски корисници и единки корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10% и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии најдоцна до 21 март. Мерките за рационализација забрануваат започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата по претходна согласност од Владата. Владата ги задолжи сите буџетски корисници и правни лица основани од државата, за 50% да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користење на службените возила задолжително. Сите буџетски корисници и единки корисници добија задолжение да го намалат бројот на службени патувања и значително да се намали бројот на членови на делегации при патувања во странство, се вели во дописот од Владата.