ПО НАЦИОНАЛИСТИЧКАТА ИЗЈАВА, ОТКАКО СИТЕ ГО ИСКАРАА КАСАМИ СЕ ОБИДЕ ДА СЕ ИЗВАДИ : ТЕТОВО Е И НА МАКЕДОНЦИТЕ И АЛБАНЦИТЕ И НА СИТЕ ДРУГИ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ

0
408

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, вечерва ја објаснува својата објава на Фејсбук, во која Тетово го нарече „албански главен град во Северна Македонија“. Не мислел на главен град, мислел на „центар“ на Албанците во Македонија.Во меѓувреме, се огласија и локалните ограноци на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.Градоначалникот Касами очигледно нема ориентација во просторот, велат од основната организација на СДСМ од Тетово и додаваат:

„Недостојно е за еден градоначалник, кој својата плата ја зема од парите на тетовчани, кои се и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми и останати, да споделува вакви ставови, фаворизирајќи една етничка група. Да го потсетиме градоначалникот Касами дека на таа функција дојде благодарение на поддршката која му ја даде ВМРО-ДПМНЕ, односно со помош на македонските гласови“.

Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово се огласи со реакција, во која го опоменува градоначалникот на Тетово да биде свесен дека промоцијата на Тетово како центар на една заедница подразбира дискриминација на македонскиот народ и на сите други кои живеат во Тетово.„Тоа ние нема да го дозволиме. Тетово за нас е и секогаш ќе биде срцето на Македонија и никогаш нема да биде центар само на една заедница“, се вели во реакцијата на оваа партија.