Генералниот штрајк во „11.Октомври Еурокомпозит“ – Прилеп продолжува, вработените бараат средба со новата Влада

0
2386

Пишува: Зоран Милошески

Вработените во единствениот загубар со 100% државен капитал „11.Октомври Еурокомпозит“ – Прилеп го продолжуваат штрајкот започнат пред десетина дена.

Членот на Извршниот одбор на синдикалната организација на „11. Октомври Еурокомпозит“ Трајко Илиоски, вели дека на вчерашниот состанок била донесена одлука уште еднаш да стапат во контакт со ресорните министерства, со надеж дека ќе дојде до средба на која вработените ќе ги изнесат своите барања и проблемите со кои долги години се соочуваат.

„За причините и за одлуката за Генерален штрајк која ја донесовме пред 10 дена ги информиравме премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања и министерот за економија. Им ја објаснивме состојбата во која се наоѓаат 280 вработени во „Еурокомпозит“, а тоа се неисплатени плати од декември 2016 до денес и неисплатени плати од 2013 година, вкупно 10 плати, а не е платен ниту придонесот за ПИОМ од јули 2012 година. До денес не сме добиле одговор од ниедна институција, а ние нема со кој друг да преговараме за проблемите затоа што Генералниот директор Марјан Додовски не е присутен во фирмата. Од тие причини решивме уште еднаш писмено да се обратиме до надлежните министерства и до Владата“, вели Илиоски.

Повеќе за оваа сторија ќе може да прочитате на порталот ,,Публикум” ОВДЕ