ЈП ЛАЈКА СО АПЕЛ : СТОП ЗА УПОТРЕБАТА НА ПЕТАРДИ И ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА

0
235

Новогодишниот период иако е многу убав за нас е најстресниот период за животните, особено за бездомните кучиња и мачиња.

Употребата на петарди и пиротехнички средства предизвикува не само физички повреди, туку и стрес, страв, психички шок, доживотни трауми и неретко смрт од срцев удар кај животните.

Апелираме до граѓаните Да бидат општествено одговорни и да се грижиме за бездомните животни, оваа година наместо да фрлите петарда, подадете храна на бездомно куче или маче.

Граѓаните кои имаат домашни миленици да не ги шетаат без поводник, бидејќи звукот ги плаши кучињата и може многу лесно да избегаат и да завршат трагично.

„Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните.”