ВО ТАШМАРУНИШТА ВИДОВМЕ КОЈ Е ЦИРКУЗАНТОТ, МИЦКОСКИ ОД НАПИШАН ПАРТИСКИ ГОВОР ЧЕСТИТАШЕ ВЕЛИГДЕН МЕСТО ИЛИНДЕН: НАРОДОТ ДА СЕ ОБЕДИНИ СО ВМРО-ДПМНЕ ПРОТИВ ЗАЕВ И ЌЕ БИДЕМЕ НА ПРАГОТ НА ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

0
701
Tashmarunista, Struga

За 2. Август – Илинден, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се изолира од организираното државно прославување и замина во струшко Ташмаруништа на партиски собир за да ги мобилизира разочараните партиски членови и симпатизери.Уште на почетокот на читањето на напишаниот партиски говор, тој направи смешен лапсус и честиташе Велигден место Илинден без да се коригира на општо негодување и на обичните селски жители.

Тој упати неколку штетни пораки со кои што потхранува општи поделби на населението со цел да си ја задоволи жедта за власт. Се обиде да го насочи обичниот народ на омраза и излив на лутина кон Заев и кон секој оној што не е вмровец.

“На една маса мораме да седнеме сите на кои Македонија ни е важна и таквата подадена рака ќе значи свесен чекор и одговорност спрема народот. Народот ќе ја види разликата. Една прачка лесно се крши, но цел сноп прачки е силен како греда. Затоа тука од Ташмаруништа, на Илинден, испраќам порака на обединување, на нешто што е многу повеќе од коалиција за власт, туку обединување на блок, составен од обесправени, жедни за правда и добар живот против власта која ги краде нашите животи и ја одзема иднината. Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против Заев и рушење на најлошата власт досега” – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Потоа Мицкоски продолжи да го манипулира народот со продавање ветер и магла дека наводно ВМРО-ДПМНЕ ја имала широката поддршка од народот и била на прагот на изборна победа на локалните избори. Тој упати суптилна закана дека народот треба да и’ залепи шлаканица на владеачката СДСМ. Ова потсетува на грујовата насилничка матрица кога организирано тргнаа да делат шамари и ќотек во општина Центар.

“Работата не е да направиме коалиција за власт, туку коалиција на народот против Заев. Оттука точката на нашето обединување е да дадеме отпор кон власта и да ја кренеме урнисаната држава на нозе. Но затоа е потребен свесен народ и политичари кои ќе гледаат подолгорочно од своите апетити и интереси. Затоа обединувањето во еден блок против оваа власт ќе биде жестока шлаканица за власта која ќе падне за неколку месеци по локалните избори. И само така ќе може да ставиме точка на криминалот, на тапкањето во место и да обезбедиме иднина за сите, да обезбедиме Македонија за сите луѓе” – посочи Мицковски.

Мицкоски не ја пропушти приликата јавно да се конфронтира и со претседателот Стево Пендаровски поради тоа што ќе нема политички говори на Мечкин Камен. Мицкоски тоа го толкува како наводен страв од народот кој што ќе им кажел што мисли за нивното владеење со исвиркувања и гневни скандирања.

“Стево Пендаровски не може да биде точката на обединување, тој е точката на разделување, затоа што човекот фати страна и реши да молчи тогаш кога требаше да биде гласен. Кога имаше изборни фалсификати, кога требаше да се спротивстави на лошите закони, кога Заев си договараше промени на сметка на идентитетот. Јас не би бил искрен и ќе го разочарав народот ако денес бев заедно со нив и би послужил на таквиот фолклор, а тие вечер ќе си продолжеа со криминалите. Јас одбрав да бидам тука со народот” – рече Мицкоски.

Потоа нагласи дека целта за членство во Европската унија не е остварена, а мини шенгенот на премиерот Зоран Заев го смета за пораз на државата. Потоа со примитивистички фрази се дрзна да ги опишува преговорите со Бугарија и како не требало да се преговара за разликите.

“Спорот со Бугарија не е натпревар во 100 метри, ниту тезга со муртински бостан, тоа е она што сме, нашиот идентитет, огледало и битие. Во тој идентитет е содржана и илинденската епопеја, и Рацин, и Мисирков, и нашите најубави поеми, литература и уметничко творештво” – рече Мицкоски.