(ВИДЕО) БОМБА на Шилегов која разјаснува зошто Хорхе му го дудла на Грујо: Семејството на Иванов има бизнис релации со фирми од Панама!?

0
1555

„Блиската фамилија на Ѓорге Иванов, човекот кој прогласи аболиција за криминалната банда на Никола Груевски, е дирекнто поврзана со бизниси и фирми на Панама.

Братот на Маја Иванова, Сашо Тоневски има бизнис релации со фирмата ЛИП Корп Панама Сити од Панама“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Ова е тој документ. Лип Корп Панама е основач и сопственик на фирмата Делфино травел Балканс. Сашо Тоневски, братот на Маја Иванова, е исто така еден од сопствениците и управител на оваа фирма, Делфино травелс Балканс.

Пред само неколку дена, или во време кога почна да се шири скандалот со перењето пари во панамски фирми, Делфино травел Балканс згаснува и ја бришат од Централен регистар.

Што крие семејството на Иванов? Едно треба да му биде јасно на секој. Македонија е на нозе.

Правдата, слободата и демократијата се враќаат. Секој што го прекршил законот ќе одговара“, изјави Шилегов.