Николовски: Денеска е последниот ден од „Викенд без ДДВ“, да ја поддржиме домашната економија, да купуваме домашни, македонски производи

0
754

Почитувани граѓани, да ја поддржиме домашната економија, да купуваме домашни, македонски производи, истакна Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси.

„Денеска е последниот ден од „Викенд без ДДВ“, искористете го за купување македонски производи или услуги, како и за компјутерска опрема.

Со скенирање на сметките преку апликацијата МојДДВ (во рок од 3 дена од издавањето на фискалната сметка), ќе ви биде вратен целосниот износ на пресметаниот ДДВ од македонски производи и услуги и од компјутерска опрема“, посочи Николовски.