Хан отворено го акна од земја режимот: БОМБИТЕ покажаа дека политичкиот систем е сериозно поткопан со корупција!

0
1135

„Македонија доби препорака за почеток на преговорите за влез во Европската унија, но со два услова. Прво, да се спроведе целосно Договорот од Пржино и, второ, да се спроведат неопходните реформи“, истакна на денешната презентација на извештајот за Македонија, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, пренесува „Мета“.

– Во Македонија има добар законодавно-правен систем. Сепак, политичкиот систем е вмешан во корупција. Поради тоа се случи Договорот од Пржино за да се реши политичката криза. Содржината на прислушуваните материјали, кои излегоа во јавноста, покажуваат дека политичкиот систем е сериозно поткопан со корупција. Политичките лидери мора да бидат свесни што се приоритети во реформите. Потребно е да се доврши реформата на Охридскиот договор. Меѓуетничките односи остануваат кревки и Охридскиот договор мора да се анализира. Потребна е доверба за зајакнување на меѓунационалните односи. Комисијата ѝ дава препорака на Македонија, но условена со спроведување на Договорот од Пржино и со имплеменрирање на итните реформи. Ова прашање повторно ќе се отвори по изборите во април 2016 година – истакна Хан.

Извор: Мета